Хроника Кичево

Пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 25.10.2024 во 22.10 часот, во кичевското село Зајас, лишен од слобода е У.Р.(50) од селото Грешница, кичевско.

При претрес во неговиот дом во селото Грешница, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, една ловна пушка, 10 ловни патрони и 188 куршуми калибар 7,62 милиметри, кои неовластено ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top