На 25.10.2024 во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува ул.„Бледски договор“ и бул.„8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(63) и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(31), двете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле С.Ш. и В.З., констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.