Ламин Јамал е еден од најталентираните фудбалери во светот и е еден од носителите на играта на Барселона.
Јамал многу рано доби шанса во првиот тим на каталонците, шанса која ја искористи и продолжува да напредува, расте од натпревар во натпревар.
Тој веќе има одиграно 64 средби за клубот со учинок од 12 голови и 16 асистенции.
-Би сакал да бидам запаметен во историјата на Барса како легенда, очигледно би било нешто неверојатно да имам наследство и да останам во главите на младите, -рече Ламин кој запрашан за тоа како е да се игра на „Ел Класико“ кратко одговори:
-Не сум бил нервозен на натпревар порано, да бидам искрен, но кога влегов на теренот и ги видов лицата на противниците, видов дека тие се многу добри, бев малку нервозен кога влегов, но потоа тоа исчезна, -рече тинејџерот.