Останати спортови

Македонија има втор и петти најдобар кадет во европското олимписко таеквондо

Македонија има втор и петти најдобар кадет во европското олимписко таеквондо

Теодор Стојановски и Ведрана Тунески двајцата членови на ТК Бутел се младински државни олимписки надежи, двајца кадети членови на ТК Бутел и таеквондо репрезентативци. Тие се наоѓаат на врвот на европската ранг листа во кадетска конкуренција во олимпискиот спорт таеквондо!

Теодор Стојановски е втор на официјалната европската кадетска ранг листа во неговата категорија -49 кг.
Теодор ниже големи спортски успеси последните две години, носи медали од официјално рангирани турнири.

Ведрана Тунески е петта на официјалната европска кадетска ранг листа во нејзината категорија -41 кг.
Ведрана е бронзен медалист на европско пионерско првенство, исто така ниже големи успеси од официјално рангирани турнири.

-Едно момче и едно девојче од ист спорт, за прв пат во историјата на Македонија се наоѓаат на врвот на европска ранг листа во еден олимписки спорт. Добро да ги запомниме овие имиња, ќе дадеме се од себе да стигнеме таму каде што многу ретко кој бил. Ние бевме и ке бидеме, објавува Дарко Костовски.

To top