Хроника МВР

Три жени се тепале за паркинг во Аеродром по полноќ

Три жени се тепале за паркинг во Аеродром по полноќ

Три жени вчера по полноќ физички се пресметале за паркинг простор во Аеродром.

– Вчера (24.10.2024) во 00.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходни меѓусебни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 40-годишната А.М. и 20-годишната Р.Б. од една страна и 21-годишната С.М. од друга страна, сите од Скопје, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

To top