Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.П.(57) од Валандово, кој бил баран по три централни потерници врз основа на судски наредби за издржување вкупна казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела „измама“.
Исто така, лицето било барано и по неколку локални расписи, исто така, поради сомнение за извршени кривични дела „измама“.
Ѓ.П. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на затворската казна, соопшти МВР.