Игор Јанушев, генералниот секретар на Владата во „Дејли Клик“ на ТВ21 одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ е во тајна коалиција со ДУИ, рече дека СДСМ е несериозна опозиција во моментов и смета дека тоа не е добро за власта.
„Некои од гледачите сега ќе помислат дека не сум искрен, но најискрено сметам дека на власта и треба силна опозиција, а не каква што во моментов е СДСМ. Најпрво ќе им порачам на СДС да се фокусираат на внатрешните проблеми, на Владата не и треба опозиција како СДС во моментов, но искрено сметам дека ни треба силна опозиција, а не која е тотално без компас и која времето го троши на неразумни изјави“, рече Јанушев.