Регион ЕУ

Фон дер Лајен: ЕУ е со вас

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во рамки на балканската турнеја, веднаш по слетувањето во Сараево, се упати кон Јабланица, каде ситуацијата беше најкритична за време на неодамнешните разорни поплави.

Урсула фон дер Лајен им порача на жителите на Јабланица дека ЕУ е со нив кога станува збор за обновата, откако претрпеа огромни штети предизвикани од поплавите и свлечиштата ноќта меѓу 3 и 4 октомври, пренесе Танјуг.

„ЕУ е тука со вас не само во овој краткорочен период на првиот одговор, туку и на подолг рок во однос на рехабилитација и реконструкција и враќање на животот во овие области“, рече Урсула фон дер Лајен, пренесува агенцијата Срна.

To top