Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго ќе мора да оди на повеќенеделна пауза по повредата која ја заработи во натпреварот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Како што беше најавено тој нема да игра во саботното „Ел Класико“, а сега е познато и кога ќе се врати на терените.
Од Реал Мадрид потврдија дека Родриго ќе биде надвор од терените три до четири недели што значи дека нема да биде во комбинација за настап до завршувањето на ноемвриската репрезентативна пауза.
Покрај натпреварот против Барселона, тој ќе ги пропушти дуелите со Валенсија и Осасуна во Ла Лига, како и против Милан во Лигата на шампионите.
Повторно на распалогање Анчелоти ќе го има на 24 ноември кога Реал Мадрид ќе гостува на Леганес.