Република Гевгелија

Вечер изложба „НарАртива II: 150 години импресионизам“

На изложбата ќе бидат поставени дела од ликовните уметници Вангел Срнаков, Владимир Илиевски, Никола Пијанманов, Гоце Илиевски, Љупка Галазка – Василев, Тони Попов, Габриела Стахурска Гошева, Горан Јованов, Миле Ничевски, Иван Кал’чев, Мирјана Крстева Массетти и Дамјан Ѓуров.

Вечер изложба „НарАртива II: 150 години импресионизам“

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“-Гевгелија, во соработка со НУ „Музеј-Гевгелија“, организира Изложба „НарАртива II: 150 години импресионизам“, што ќе се отвори вечер во Галеријата „Амам“.

Изложбата го одбележува јубилејот од одржувањето на првата импресионистичка изложба во париското студио на Гаспар-Феликс Турнашон, легендарниот фотограф познат како Надар во 1874 година и има за цел да ги изнесе на виделина линиите на поврзување помеѓу визуелното и текстуалното, обезбедувајќи увид во некои од механизмите на комуникација помеѓу овие два облика на индивидуалниот творечки израз.

На изложбата ќе бидат поставени дела од ликовните уметници Вангел Срнаков, Владимир Илиевски, Никола Пијанманов, Гоце Илиевски, Љупка Галазка – Василев, Тони Попов, Габриела Стахурска Гошева, Горан Јованов, Миле Ничевски, Иван Кал’чев, Мирјана Крстева Массетти и Дамјан Ѓуров.

Според организаторите, импресионизмот, како во сликарството, така и во литературата, подразбира отстапување од стандардите на реализмот, централизирајќи се околу минливото, субјективното и сетилното, а импресионистичките и симболистичките дела му овозможуваат на реципиентот да ја истражува сложеноста на видливото, замаглувајќи ја границата помеѓу објективното и субјективното.

Изложбата, со настап во духот на книжевниот импресионизам, ќе ја отвори Стефчо Стефанов.

To top