Најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, добија уште еден ангажман во машката ракометна ЛШ
Судиската двојка која се смета за една од најдобрите во светот, ќе ја дели правдата на натпреварот помеѓу ПИК Сегед и Киелце, кој ќе се одигра во рамките на седмото коло. Овој дуел е на програмата на 30 октомври.
Меѓу официјалните лица ќе биде уште еден претставник на поранешните ју-простори, а тоа ќе биде Србинот Јован Попадиќ, кој ќе ја извршува функцијата делегат на натпреварот.