На 22.10.2024 во 15.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола бил извршен претрес кај E.М.(53) од с.Бистрица, битолско. При претресот биле пронајдени пет пушки, над 100 парчиња муниција, како и различни делови за оружје. Е.М. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Исто така, на 22.10.2024, во времето од 10.30 до 11.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, а по претходно издадена судска наредба, извршен е претрес во с. Белица, во домот на Д.И.(46) од с.Белица, Македонски Брод, при што пронајдена била муниција од различен калибар. Д.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 22.10.2024 во 23.20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода Ј.Б.(33) од Прилеп, која била барана со судска наредба од Основен суд Прилеп, за издржување на казна затвор во Казнено поправната установа Идризово – Скопје во траење од седум месеци.
Денеска (23.10.2024) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(28) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.10.2024 во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(40) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.10.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.П.(40) и А.С.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.