Свет

Зеленски ги повика сојузниците на Киев „да не се кријат“ и да реагираат на доказите за учество на Северна Кореја во војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците на Киев „да не се кријат“ и да реагираат на доказите за учество на Северна Кореја во војната на Русија во Украина, јавија светските агенции.

Во своето вечерно обраќање, Зеленски рече дека Украина има информации за подготовка на две единици – веројатно до 12.000 севернокорејски војници – за учество во војната заедно со руските сили.

„Ова е предизвик, но ние знаеме како да одговориме на него. Важно е и партнерите да не се кријат од овој предизвик“, додаде украинскиот претседател.

Претходно вчера, Јужна Кореја го повика рускиот амбасадор во Сеул за да побара „итно“ повлекување на трупите за кои вели дека биле испратени од Пјонгјанг за да ја поддржат Москва во нејзината војна против Украина, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Околу 1.500 севернокорејски војници од специјалните сили веќе се во Русија на аклиматизација и се очекува наскоро да одат на фронтот, соопшти пред неколку дена јужнокорејското разузнавање. Според него, се очекува да бидат испратени вкупно околу 12.000 војници.

Најнови вести од Свет

To top