Економија НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ

Делегацијата ќе оствари средби и со високи претставници на Светската банка, односно со Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка, Шаочинг Ју, директорка на Светската банка за Западен Балкан и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. 

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Вашингтон, САД. Во составот на делегацијата на Народната банка е и вицегувернерката Емилија Нацевска. Во рамките на Годишните средби, гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Нацевска ќе одржат состаноци со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски институции.

Економските состојби и предизвиците од неколкуте кризи во изминатиот период, економските проекции, монетарната политика, заложбите за поддршка на зеленото финансирање и за справување со влијанието на климатските промени се дел од темите коишто ќе бидат обработени на предвидените работни средби со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, како и со Жероен Клик, кој ќе ја преземе функцијата извршен директор на ММФ и Марникс ван Рај, кој ќе ја преземе функцијата алтернативен извршен директор. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средби и со претставниците на одделите за статистика и за монетарните и капиталните пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на кои ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Делегацијата ќе оствари средби и со високи претставници на Светската банка, односно со Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка, Шаочинг Ју, директорка на Светската банка за Западен Балкан и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки разговараат и соработуваат за повеќе суштински теми, како намалувањето на сиромаштијата, меѓународниот економски развој и финансии, развојот на човечкиот капитал и зајакнувањето на отпорноста и одржливоста.

 

To top