Свет „Тајмс од Израел“

ИДФ нападнати во северниот дел на Газа – обвинуваат за прекршување на примирјето

Армијата наведе дека во еден од инцидентите било и пукано кон израелските војници, кои возвратиле на нападот.

ИДФ нападнати во северниот дел на Газа – обвинуваат за прекршување на примирјето

Израелските одбранбени сили (УДФ) денеска соопштија дека голем број нивни војници се лесно повредени откако биле нападнати од Хамас во северниот дел на Појасот Газа, што се чини дека е прво сериозно прекршување на примирјето, јави „Тајмс оф Израел“.

Хамас ги обвини ИДФ дека тие прво го прекршиле примирјето, додава изрaелкиот портал.

Според ИДФ, три експлозивни направи биле активирани во близина на силите на две одвоени локации во северниот дел на Појасот Газа, „прекршувајќи ги договорите за примирје“.

Армијата наведе дека во еден од инцидентите било и пукано кон израелските војници, кои возвратиле на нападот.

-Во двата случаи, силите на ИДФ се наоѓаа во договорените линии за прекин на огнот“, додаваат оттаму.

Портпаролот на военото крило на Хамас изјави дека нивните борци реагирале на „јасното прекршување“ на прекинот на огнот од страна на ИДФ во северниот дел на Појасот Газа, што резултирало со судир. Не нудејќи други детали за инцидентите.

Хамас соопшти, пренесува „Тајмс од Израел“ дека е „посветен на примирјето се додека непријателот се придржува до него, и ги повикуваме посредниците да извршат притисок врз окупаторот да се придржува до сите услови на примирјето на земја и во воздух“. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top