Еден од четворицата вработени во скопската Зоолошка градина веќе утре ќе биде тестиран за птичји грип бидејќи пред два дена имал температура и дијареа кажа директорката Марија Андоновска, која посочи дека и покрај тоа што имал симптоми тоа не значи дека е заразен со вирусот.
Андоновска на пресконференција кажа дека епидемиолошка анкета треба да се спроведе и на уште еден вработен кој досега не успеале да го исконтактираат.
Во однос на посетителите во Зоолошката директорката на Институтот посочи дека ризикот за зараза е мал бидејќи за да се пренесе птичјиот грип потребен е близок контакт со заразено животно.
Од Агенцијата за храна и ветеринарнство пак попладнево излегоа со соопштение во кое велат дека тие постапиле согласно процедурите за вакви случаеви и обвинија дека од иако од скопската зоолошка детектирале угинато животно уште во понеделникот сепак навремено не го пријавиле случајот ниту кај надлежниот ветеринар, ниту во кај нив…