Познати

ЗА ВЛАКНО: Џеј Ло избегна средба со Бен Афлек откако двајцата се најдоа на ист настан

ЗА ВЛАКНО: Џеј Ло избегна средба со Бен Афлек откако двајцата се најдоа на ист настан

Џенифер Лопез за малку избегна да се сретне со Бен Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер откако сите присуствуваа на истиот настан во Брентвуд.

На актерката, која најави големо враќање следната година, и се придружи ќерката Емa, како и неколку пријатели.

Афлек набрзо бил забележан на истото место со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер и нивната ќерка Серафина (15). Поранешниот пар ги има и синот Семјуел (12) и ќерката Виолет (18).

Гласините за разводот на Џенифер и Бен почнаа да кружат во мај, но парот јавно не потврди дека има проблеми. Пејачката поднесе барање за развод во август.

Неодамна во интервју за магазинот Interview таа се осврна на нивната врска и призна дека се чувствува осамено и тажно во целата ситуација, но дека не дозволува тоа да ја дефинира дали е во врска или не.

По две години брак, парот се разделува без предбрачен договор, што резултираше со големи предизвици кога станува збор за поделба на имотот. Во центарот на спорот е нивната палата во Лос Анџелес.

To top