Познати УРНЕБЕСНО

ФОТО: Дами го нападнаа Ноле со комплименти, Јелена им порача „Девојки, смирете се“

ФОТО: Дами го нападнаа Ноле со комплименти, Јелена им порача „Девојки, смирете се“

Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од Саудиска Арабија кои го привлекоа вниманието на многу дами.

Тој позираше во Ријад, а многу жени во коментарите пишуваа дека треба да се проба во манекенството бидејќи очигледно и во тоа добро му оди.

„Ја сакам оваа содржина посветена на манекенството на Инстаграм профилот на Новак“, „И кога не е на теренот, Новак се уште е главен“, „Покрај сите трофеи, медали, победи, спортски дух, младешки изглед, несомнено е како добро ви одговара стилот на модел“, некои од нив се.

Јелена Ѓоковиќ ги забележа овие реакции, па накратко напиша: „Добро девојки, смирете се“ и на тој начин насмеа многумина. Нејзиниот коментар собра повеќе од 2000 лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

To top