Македонија зоо скопје

Еве колку дена ќе биде затворена скопската ЗООЛОШКА ГРАДИНА

Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена во следните три недели, односно 21 ден.

Еве колку дена ќе биде затворена скопската ЗООЛОШКА ГРАДИНА

Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена во следните три недели, односно 21 ден.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство, се огласија по повод случувањата во Зоолошката градина кога биле убиени птици, поради тоа што се појавил случај на птичји грип кај гуска.

„Забранет е влез и излез на животни од зоолошката градина,ограничено е движењето на луѓе (посетители) во зоолошката градина, наредени се мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во зоолошката градина за присуство на вирусот на Птичји грип, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширења надвор од зоолошката градина кај животните и кај луѓето. Мерките ќе бидат на сила 21 ден почнувајќи од денес за кој временски период и зоолошката градина ќе биде затворена за посетители“, стои во соопштението.

Најнови вести од Македонија

To top