Македонија во Ново Село

Мицкоски на Костенијада: Овие настани влијаат на развојот на руралниот туризам

Мицкоски на Костенијада: Овие настани влијаат на развојот на руралниот туризам

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на манифестацијата Костенијада во Ново Село.

-Овие настани влијаат во развој на руралниот туризам. Овде имаме гости би рекол од сите краеви на Македонија и тоа е добро, и тоа е добро кога ќе има вакви настани кога ќе можат луѓето да се дружат да поминуваат некое време заедно и добро ете јас со своето присуство само покажувам колкава е поддршката од страна на Владата, посебно на овие настани и ги охрабрувам вака да продолжат, но и воедно за мене претставува можност заедно со градоначалникот на Општина Ново Село, заедно со градоначалникот на Општина Босилово и останатите што се тука присутни градоначалници од општините да разговарам и за оној проект којшто го туркаме како Влада, којшто заврши, истакна Мицкоски.

Посочи дека следна недела веќе ќе има и официјализирање, потпишување на договори, колку проекти ќе почнат со реализација, колку проекти за следната година ќе имаме.

-Од страна на Владата јас можам да кажам дека парите од унгарскиот заем се веќе на сметка на Народната банка, имаме половина милијарда стигната и почнуваме да работиме и испорачуваме она што го очекуваат граѓаните од нас, нагласи премиерот.

Најнови вести од Македонија

To top