Фудбал

Тен Хаг: Лага е дека ќе ме отпуштат во Јунајтед

Тен Хаг: Лага е дека ќе ме отпуштат во Јунајтед

Медиумите веќе подолго време му даваат отказ на Ерик Тен Хаг, но тој за медиумите изјави дека не е загрижен за неговата работа во Манчестер Јунајтед бидејќи ништо не се случува во клубот.

-Вревата доаѓа само од некои од вас новинарите, создавајќи бајка и лаги. Знам само дека сите сме во клубот на иста страна. Ова го кажав пред паузата, вие новинарите веројатно не ми верувате. Во клубот е тивко, ништо не се случува, истакна Тен Хаг.

Најслабиот старт во Премиер лигата, моментално на 14. место, е причина и за овие тврдења на новинарите.

-Секако, никој не е задоволен од позицијата на која се наоѓаме. Рангирањето не лаже. Но, ние сме обединети, остануваме на планот и убедени сме дека ќе постигнеме успех, заклучи Тен Хаг.

Јунајтед денеска од 16 часот ќе игра против Брентфорд во осмото коло од Премиер лигата и императивот за победа лебди над Тен Хаг и тимот.

To top