Познати

Ал Пачино имал повреда на пенисот: „Траумата сè уште ме прогонува“

Тој вели дека тоа било едно од најсрамните искуства во неговиот живот. Во книгата, тој го опишува своето растење во Јужен Бронкс, Њујорк.

Ал Пачино имал повреда на пенисот: „Траумата сè уште ме прогонува“

Ал Пачино ги објави мемоарите, Sonny Boy, во кои, меѓу другото, пишува и за повредата на пенисот што ја добил како дете.

Тој вели дека тоа било едно од најсрамните искуства во неговиот живот. Во книгата, тој го опишува своето растење во Јужен Бронкс, Њујорк.

-Бев како мачка со повеќе од девет животи. Имав повеќе несреќи отколку што можам да избројам”, рекол актерот, а потоа открил како ја доживеал повредата на пенисот.

-Одев по тенка ограда, и го играв својот танц. Цело утро врнеше дожд и се лизнав и паднав, парче дрво ме удри точно меѓу нозете, пишува Ал Пачино.

Се сеќава дека имал толку многу болки што едвај одел дома.

-Еден постар човек ме виде како воздивнувам на улица, ме крена и ме однесе во станот на тетка ми, напиша Пачино.

Таму го чекал докторот да дојде на домашна посета.

-Лежев на креветот со моите панталони до крај спуштени, додека три жени, мајка ми, тетка ми и баба ми го пипкаа пенисот полупанично. Мислев, Боже, те молам земи ме сега, додека ги слушав како шепотат една на друга додека вршат проверка, раскажува тој.

Тој вели дека пенисот „останал на своето место“, но тој е истрауматизиран од инцидентот.

-Помислата на тоа ме прогонува до ден-денес, пишува актерот.

Мемоарите вклучуваат повеќе спомени од детството на Пачино. Освен несреќи на огради, тој го опишува времето поминато во кражба на храна и бројни детски акробации.

Најнови вести од Познати

To top