Свет без струја околу 10 милиони луѓе

ВИДЕО: Куба потона во мрак, дефект на една од главните електрани

Оваа недела, кубанската влада, која се соочува со зголемен недостиг на енергија, повика на драконски мерки за заштеда на енергија, вклучително и повици многу работници да останат дома.

ВИДЕО: Куба потона во мрак, дефект на една од главните електрани

Цела Куба синоќа остана без струја, поради дефект на една од главните електрани на островот, соопшти кубанското Министерство за енергетика. Без електрична енергија останаа околу 10 милиони луѓе.

Во објава на социјалната мрежа Х, се наведува дека дефектот на електраната предизвикал „целосно исклучување на националниот електричен систем“.

Оваа недела, кубанската влада, која се соочува со зголемен недостиг на енергија, повика на драконски мерки за заштеда на енергија, вклучително и повици многу работници да останат дома. Наставата во училиштата е откажана, ноќните клубови и рекреативните центри добија наредба да се затворат, а на нивните работни места треба да доаѓаат само „основните работници“.

Кубанските власти обвинија комбинација на настани за распадот на системот – од зголемени американски економски санкции, до прекини предизвикани од неодамнешните урагани и лошата состојба на инфраструктурата.

Во телевизиско обраќање, кубанскиот премиер Мануел Мареро Круз рече дека голем дел од производството во земјата е запрено за да се избегне луѓето целосно да останат без електрична енергија.

Тој рече дека недостигот на гориво остави голем дел од Куба во мрак, но дека испораките по бродови во наредните денови ќе ја подобрат ситуацијата.

Најнови вести од Свет

To top