Напаѓачот од редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ е најплатен во италијанската Серија А, објави „Кориере дело Спорт“.
Играчот на Јувентус има плата од 12 милиони евра по сезона и со тоа е убедливо на првото место по заработка.
Зад голгетерот на „старата дама“ се наоѓаат фудбалерите од редовите на Интер, Лаутаро Мартинез и Никола Барела.