Ракомет

РК Вардар го совлада МРК Куманово

РК Вардар го совлада МРК Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 остварија победа над Куманово од 31:21 на првиот меч од осмото коло во Суперлигата.

„Црвено-црните“ и со комбиниран тим дојдоа до посакуваниот триумф, триумф број седум во шампионатот со што се израмнија со Алкалоид на врвот на табелата.

Избраниците на Недановски притиснаа колку што беше потребно во првиот дел каде остварија позитива од 15:6 за да потоа само го закружат тоа што претходно го сработија.

Маргели со пет гола беше лидер кај победникот, Димевски кај поразените имаше десет реализации.

To top