Македонската женска сениорска и репрезентацијата до 19 години идната недела ќе заминат за Бугарија на еднонеделен тренинг камп во рамки на кои ќе одиграат и контролни натпревари, соопшти денеска ФФМ.
Најдобрите македонски фудбалерки, предводени од селекторот Александар Андов, од 21 до 29 октомври ќе тренираат во Банско, а ќе одиграат и два натпревари против Молдавија.
Првиот е закажан за 24 овој месец на стадионот во Разлог, а вториот ќе се одигра на истиот стадион три денови подоцна.
На тренинг камп во истиот период во Разлог ќе бидат и македонските фудбалерки до 19 години, кои ќе одиграат и два контролни натпревари против Бугарија.
Натпреварите се закажани за 24 и 27 октомври во Разлог.