На 18.10.2024 година во 03 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е М.К.(49), државјанин на Република Австрија.
Тој, во видно алкохолизирана состојба, дрско и непристојно се однесувал кон случајните минувачи, а потоа и агресивно кон полициските службеници кои, пристигнале на местото и преземале службени дејствија.
Против него е поднесена пријава по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.