Македонија

Началник на СВР Скопје: Таткото на Вања од снимка ни го предочи возилото на Панче, не кажа зошто се сомнева

Во кривичниот суд продолжува судскиот процес за убиството на Вања и Панче. Сведочи началникот на СВР Скопје кој пред судот кажа дека таткото на Вања, обвинетиот Александар им донел снимка од камера на која им го предочил возилото на Панче без објаснување зошто се сомнева во поврзаност со неговата исчезната ќерка, рече во денешното сведочење началникот на единицата за насилен криминал Дејан Димовски.

Полицијата утврдила дека тоа е всушност ситроенот најден запален на Бразда за кој се водела друга засебна истрага. Александра Ѓорчевски зборувал дека можеби во грабнувањето е инволвиран постар човек надвор од Скопје. Од снимките го забележале пикапот Рено кое ги донел до партијата Десна.

До тогаш немало поврзаност на двата случаи.Во партијата од тие што ги затекнале внатре полицијата дознала дека лидерот Палевски е во Белград а потоа ќе одел за Турција. Во партијата се надевале дека ќе го расчистат случајот со Панче но не очекувале врска со исчезнувањето на Вања.

Најнови вести од Македонија

To top