Проблематично е и водоснабдувањето. Оштетувања на водоводната мрежа има во 45 населени места.
Во округот откажани се 17 возови – осум кои требаше да заминат од Констанца и уште девет што требаше да пристигнат.
Во меѓувреме, метеоролозите издадоа жолти и портокалови кодови за предупредувања за снежни виулици во неколку области на земјата – Јужен Банат, Југозападна Трансилванија и Источна Мунтенија.
На планините се очекува значително количество снег. Налетите на ветерот ќе достигнат до 75 километри на час. Видливоста ќе биде намалена под 50 метри.
За деновите пред Божик, метеоролозите прогнозираат температури пониски од нормалните.