Македонија

Мицкоски на поставување камен темелник на ново училиште во Ченто

Мицкоски на поставување камен темелник на ново училиште во Ченто

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен темелник на ново ООУ „Крсте Мисирков“ во населено место Ченто, Општина Гази Баба.

Проектот е во вредност од 169.992.752 денари, а опфаќа 30 кабинети со вкупен капацитет за настава во две смени за 713 ученици.

По настанот предвидена е изјава на Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top