Фудбал

Марка: Лионел Меси е најуспешниот фудбалер на сите времиња (ВИДЕО)

Марка: Лионел Меси е најуспешниот фудбалер на сите времиња (ВИДЕО)

Лионел Меси против Боливија во квалификациите за Светското првенство, меч на кој постигна три гола и забележа две асистенции со што уште еднаш го воодушеви фудбалскиот свет за да денеска добие една специјална награда од угледната „Марка“ за најуспешниот фудбалер на сите времиња.

Членот на Интер Мајами има вкупно 102 признанија или 46 тимски трофеи и 56 индивидуални награди со што е далеку пред сите, па шпанска „Марка“ му се поклони и му даде статуа со неговиот лик како признание за неговата импресивна кариера.

-Многу ви благодарам за ова признание. Знам дека беше со голема наклонетост поради тоа што ми го кажаа и ќе најдеме малку место за ова бидејќи тоа го заслужува, -порача Меси кој наградата ја доби во присуство на директорот на „Марка“, Хуан Игнасио Галјардо и Хорхе Мас, претседателот на фудбалскиот клуб Интер Мајами.
https://twitter.com/i/status/1846952135042466076
To top