Гужва и застој утрово има на граничниот премин Табановце за влез во Србија дознава Курир.
Според нашите информации од терен утрово се чека и до половина час за излез од нашата земја и влез во соседна Србија.
Три колони возила чекаат повеќе од половина час за излез, тврдат од терен нашите читатели кои не контактираа.
Инаку застој утрово не е пријавен на друг граничен премин, а мирно е и на „Богородица“ каде во овие моменти нема многу автомобили.