Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска во Брисел се сретна со Сигрид Бретел, Раководител на одделението за Македонија и Албанија при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР) и Валентина Суперти, директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.
„Се заблагодарив за континуираната поддршка и одличната соработка која ја имаме со европските институции и честитав за стартот на преговори на нашиот сосед Албанија со Европската Унија, но истовремено упатив жалење што Македoнија повторно остана надвор од европскиот пат и не ги продолжува преговорите за членство во ЕУ, кажа Трајков.
По средбата заменик минисерката истакна дека ова ни дава дополнителен мотив да работиме забрзано и посветено.
„Македонија нема време за чекање, не се откажуваме од нашата зацртана цел, продолжуваме по европскиот пат, затоа што македонските граѓаните заслужуваат подобра иднина”- изјави Трајков.
ЗМЕП Трајков е во дводневна работна посета на Брисел.