Хроника

Малолетничка тешко повредена, со мопед удрила во паркиран автомобил

Малолетничка тешко повредена, со мопед удрила во паркиран автомобил

На 16.10.2024 во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 14.00 часот на улица „4 Мај“ во Кавадарци, мопед „априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Кавадарци, удрил во паркирано патничко возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Р.Б.(68) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во болницата во Кавадарци, информира МВР.

Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

To top