Останати спортови тенис

Швјонтек ќе работи со Вим Фисет

Многупати сум кажала дека мојата кариера е маратон, а не спринт, и работам и донесувам одлуки имајќи го на ум тој начин на размислување. Со нетрпение очекувам да работам со Вим. Има одличен пристап, визија и огромно искуство на највисокото ниво на тенисот. Секогаш е многу важно подобро да се запознаеме, но имаме добар почеток, додаде Полјачката.

Швјонтек ќе работи со Вим Фисет

Светскиот рекет број еден, Ига Швјонтек започна да соработува со тренерот Вим Фисет.

-Вим Фисет се приклучи на мојот тим како главен тренер. Многу сум среќна бидејќи тој е искусен тренер кој долги години работи со различни играчи. Се надевам дека ќе ми помогне да ја развивам играта во следните неколку години. Драго ми е што ја донесов оваа одлука и започнувам нова етапа. Се надевам дека ќе ме поддржите како и секогаш. Јас сум многу благодарна за ова. Поради оваа вест, ретко ќе се појавувам на интернет за да се фокусирам на работата и добро да се подготвам за завршниот турнир, изјави Швјонтек.

Таа ќе продолжи да се фокусира на долг рок.

-Многупати сум кажала дека мојата кариера е маратон, а не спринт, и работам и донесувам одлуки имајќи го на ум тој начин на размислување. Со нетрпение очекувам да работам со Вим. Има одличен пристап, визија и огромно искуство на највисокото ниво на тенисот. Секогаш е многу важно подобро да се запознаеме, но имаме добар почеток, додаде Полјачката.

Претходно, Фисет беше тренер на Ким Клајстерс, Симона Халеп, Викторија Азаренка, Анџелика Кербер, Наоми Осака, Кинвен Женг и други. Тој ја прекина соработката со Осака во септември.

Швјонтек ја раскина соработката со тренерот Томаш Викторовски пред две недели.

To top