Основното јавно обвинителство Скопје интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес.
-Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на лице место и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот, информираат од Обвинителството.
Во несреќата животот го загубија три лица, а пет се тешко повредени.
Двајца од повредените се во критична состојба. Повеќе за здравствената состојба на повредените може да прочитате ТУКА.