Македонија

Лефков: На крајот на 2023 година јавниот долг достигна 8,3 милијарди евра, поради задолжувањата на претходната власт СДС-ДУИ

Лефков: На крајот на 2023 година јавниот долг достигна 8,3 милијарди евра, поради задолжувањата на претходната власт СДС-ДУИ

На поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ пратеникот и член на Извршниот комитет, Миле Лефков говореше за лошите политики на поранешната власт, кои иницирале огромни задолжувања и како што напомена тој, со крајот на 2023 година, јавниот долг достигнал рекордни 8,3 милијарди евра.

„Само на крајот на 2023 година, јавниот долг достигна 8,3 милијарди евра. Тоа е тешка бројка, еве да поставите табла на плоштад и да ги замолите граѓаните да ја напишат оваа бројка, голем број ќе згрешат. Тие не само што не задолжија, туку и успеаа да ги потрошат овие пари, а ништо не направија“, истакна Лефков.

Тој додаде дека долговите што ги наследиле како Влада се огромни и на сите страни, неисплатени плати во Национални шуми и водостопанство, огромни дупки во образованието.

„За 100 дена толку многу работи се направија, со оглед на тоа дека се соочивме со доста проблеми во буџетот, меѓутоа најдовме и ќе наоѓаме решение во интерес на граѓаните“, кажа Лефков.

Лефков се осврна и на делот во енергетиката, каде што напомена дека власта СДС-ДУИ, се фалеле дека субвенционирале средства за електрична енергија, а реалноста била сосема поинаква.

„Имаа една кампања каде што велеа дека ќе ги субвенционираат сметките за електрична енергија, а тоа воопшто не беше така. Тие го субвенционираа падот на производството кои го произведуваа државно поседуваната ЕЛЕМ, која што треба да произведува електрична енергија. Тоа не беа пари со кои што беа субвенционирани сметките, туку се субвенционираше нивната неспособност“, појасни Лефков.

Најнови вести од Македонија

To top