Свет

Северна Каролина: Речиси сто луѓе се водат како исчезнати по ураганот Хелен

Северна Каролина: Речиси сто луѓе се водат како исчезнати по ураганот Хелен

Најмалку 92 луѓе се водат како исчезнати во американската сојузна држава Северна Каролина откако ураганот Хелен ги погоди САД кон крајот на септември.

– Сакам да предупредам дека ова не е конечната бројка, бидејќи работната група продолжува со работа, наведе гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер.

Хелен ги погоди САД на 26 септември, тоа е вториот најсмртоносниот ураган во земјата изминатите 55 години. Најмалку 243 лица загинаа во неколку сојузни држави, вклучувајќи 118 во Северна Каролина.

To top