Македонија УХМР:

Во петок и сабота локален дожд и пониски температури

Во петок и сабота локален дожд и пониски температури

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека до недела ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време.

Утре ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а во петок и сабота слаб локален дожд претежно во западните делови.

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури.

To top