Македонија мнр

Средба Муцунски – Линдквист

Средба Муцунски – Линдквист

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари прва средба со амбасадорот на Финска со седиште во Белград, Никлас Линдквист.

Министерот Муцунски изрази задоволство што над 30 години, двете земји градат партнерски односи и активен политички дијалог, споделувајќи заеднички стратешки интереси за траен мир, стабилност и просперитет.

Воедно, тој упати благодарност за доследната и принципиелна поддршка на Финска за македонската интеграција во ЕУ и финската стратешка визија за европската иднина на земјите од Западен Балкан.

Министерот Муцунски го нагласи интересот за подобрување на економската соработка и трговската размена со Финска, како и за продлабочување на соработката во други области од интерес на двете страни.

To top