– Осознавањето на тоа како инсектицидите влијаат на концентрацијата на сперматозоидите кај луѓето е од клучно значење со оглед на распространетоста (на проблемот) во околината и документираните опасности по сексуалното здравје, вели Лорен Елис, научник од Северозапниот Универзитет во Еванстон, Илиноис, САД.
Истражувачите споредиле податоци за 1.774 возрасни мажи од четири континенти (Азија, Европа, Северна и Јужна Америка) кои биле изложени на органофосфати и Н-метил карбамати. Штетното влијание, се чини, настанува преку воспалителни процеси во мозокот. Постојат и други важни фактори кои можат да влијаат на плодноста. Загадувањето, имено, е поврзано со намаленото количество сперма – и кај луѓето и кај животните, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert).
– Без разлика дали испитувањата биле мали или големи, тука е постојано присутната поврзаност меѓу зголемената изложеност на инсектициди и намалената концентрација на сперма, објаснува американската истражувачка Мелиса Пери, епидемиолог и микробиолог на Универзитетот „Џорџ Мејсон“ во Џорџија.
Машкиот и женскиот стерилитет, се наведува, се подеднакво застапени. Во 40 отсто случаи, проблемот е кај мажот, 40 насто – кај жената, 10 отсто кај двајцата и во 10 проценти стерилитетот се јавил од непозната причина.
– Со доказите со коишто располагаме се дојде до точка кога треба да преземеме регулаторни мерки за намалување на изложеноста на инсектициди, вели Пери.
Кога станува збор за органофосфатите, тимот препорачува дополнителни истражувања, особено за глифосфатот, бидејќи неговите невротоксични ефекти се проучувани, но се чини дека недостасуваат податоци за неговото влијание врз производството на сперма.