Останати спортови

Формула 1 презема мерки против “уличниот” речник на шампионот

Формула 1 презема мерки против “уличниот” речник на шампионот

Макс Верстапен е под притисок од јавноста поради честите пцовки што ги користи за време на прес-конференциите и во комуникацијата со својот тим за време на трките.

Верстапен бил повикан на разговор со челните лица на најпрестижниот авто-мото циркус, каде му било посочено дека ако продолжи со тоа однесување, може да се соочи со последици и евентуални казни.

Било посочено дека неговиот однос е неетички и ги нарушува правилата за многубројната малолетна публика ширум светот.

„И публиката и возачите го осудуваат речникот на Макс. Знаеме колку голем спортист е и немаме намера да го оцрнуваме неговиот успех, но мораме да ставиме крај на ваквото однесување кое не е во склад со нашите правила и етички норми“, изјавија претставници на Формула 1.

To top