Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити Бенџамин Менди беше обвинет за силување во 2021 година, по што премиерлигашот веднаш го суспендира, но тој успеа на суд да докаже дека е невин.
Французинот сега тврди дека „неколку“ тимски колеги од Манчестер Сити му се придружиле на неговите забави со алкохол и имале „случајни врски со жени“ додека тој испрати барање за компензација од 11 милиони фунти.
„Неколку играчи од првиот тим на Манчестер Сити, вклучувајќи го и капитенот на клубот, беа присутни на забавите кои ги организирав. Сите заедно пиевме алкохол, имавме односи со жени и ги прекршивме рестрикциите за Ковид-19“, тврди Менди.