Свет Црвен крст

Најмалку 18 загинати во израелски напад во северен Либан

Израелскиот напад погоди куќа во која раселените луѓе се засолнуваа во областа Аито, во регионот Зогерта, изјави либански безбедносен извор.

Најмалку 18 загинати во израелски напад во северен Либан

Најмалку 18 лица загинаа денеска во израелски воздушен напад во северен Либан, соопшти либанскиот Црвен крст.

Според спасувачките екипи, повредени се уште четири лица.

Израелскиот напад погоди куќа во која раселените луѓе се засолнуваа во областа Аито, во регионот Зогерта, изјави либански безбедносен извор.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати досега е девет. Едно лице е рането, се вели, додавајќи дека спасувачките операции се уште се во тек. (МИА)

To top