Македонија

Јаневска на Отворените денови на Институтот „Крсте Мисирков“: Со грижата за македонскиот јазик го штитиме македонскиот идентитет

Македонскиот јазик е наше национално идентитетско обележје што системски ќе го негуваме, заштитуваме, унапредуваме и афирмираме. Министерството за образование и наука ќе финансира научни проекти и особено внимание ќе обрне на учењето на македонскиот јазик како заеднички јазик на разбирање во земјата. Многу доцниме, но врвен приоритет е да го подигнеме нивото на говорна и писмена јазична култура на македонски јазик.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, додавајќи дека учителите по македонски јазик на сите образовни нивоа знаат колку е тоа важно и максимално ќе се вложат во заедничката цел – поголема грижа за македонскиот јазик.

Рече дека образованието обезбедува јазикот да остане жив, да биде дел од нашето секојдневие, да го збогатува нашето културно ткиво и да го јакне нашиот национален идентитет, а науката истражувајќи го јазикот, ја документира неговата еволуција, развива ресурси за негово унапредување, ги ревитализира и ги промовира културните практики и традиции поврзани со него.

-Ќе продолжиме со активните политики за стипендирање на студенти на програмите по македонски јазик и книжевност, работиме на проширување на можностите за финансирање на научната работа и отворени сме за соработка со сите релевантни чинители за унапредување на образовно-научните можности поврзани со македонскиот јазик, укажа министерката за образование и наука.

Како дел од мерките на државно ниво насочени кон негување на македонскиот јазик, министерката Јаневска гo наведе јакнењето на преведувачките и толкувачките капацитети за македонски јазик и зголемувањето на бројот на лекторати по македонски јазик во странство.

-Лекторатите по македонски јазик се мали културни центри во светските метрополи но огромни по своето значење за афирмацијата на државата, македонскиот народ и нашата вековна култура. Тие се убава можност за отворање на Македонија кон светот, со својата древна духовност и сета големина градена низ вековите, рече Јаневска.

Институтот за македонски јазик го носи името на првиот кодификатор на македонскиот јазик – Крсте Мисирков и во осмата деценија од работењето е врвна научна институција која го проучува македонскиот јазик, работи на фундаментални проекти од сите јазични сфери и е етаблиран славистички центар.

Најнови вести од Македонија

To top