Актерката Деми Мур проговори за здравствената состојба на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис.
Иако беа во брак од 1987 година, а се разведоа во 2000 година, Деми остана блиска со својот поранешен сопруг и години по разводот. Заедно имаат три ќерки. За време на говорот на Меѓународниот филмски фестивал во Хемптон во неделата, Деми го спомна Брус.
-Го кажав ова и порано. Болеста е она што е. Мислам дека треба да имате длабоко разбирање за тоа. Тој е стабилен, рече таа.
Таа потоа откри дека морала да се откаже од претходната верзија на Брус и да најде начин да функционира со сегашната.
-Она што јас секогаш го охрабрувам е да ги запознаеш луѓето такви какви што се. Кога се држиш за она што беше, мислам дека тоа е изгубена игра. Кога ќе ги сретнеш како што се сега, ќе ја сфатиш убавината, додаде таа.
Таа откри и дека го видела Брус само два дена пред да пристигне на филмскиот фестивал. Дошла во посета со нејзината внука Луета, чија мајка е Румер Вилис.
Брус Вилис ретко се појавува во јавноста откако му беше дијагностицирана афазија, јазично нарушување, во 2022 година, а потоа болеста напредуваше во фронтотемпорална деменција.