Иако се шпекулираше дека ова може да биде последната година на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, сепак „кралевите“ му понудија нов договор на Италијанецот.
Анчелоти има договор со „кралевите“ до крајот на годината и медиумите тврдеа дека сигурно ќе се раздели со Реал Мадрид на лето.
Меѓутоа, последните информации се дека Реал не сака да се раздели со Италијанецот и му предложил нов договор, а преговорите се во напредна фаза.
Анчелоти сака да остане во Мадрид и наскоро ќе стави потпис на договор до 2026 година.