Македонија

Мисајловски: Останувам посветен да го исполнам целосно сето она што е барање на синдикатите и колективниот договор, првпат се исплаќа сѐ

Мисајловски: Останувам посветен да го исполнам целосно сето она што е барање на синдикатите и колективниот договор, првпат се исплаќа сѐ

Согласно колективниот договор што е донесен пред изборите и што не се обезбедени средства во тековниот Буџет, иако минатото раководство имало можност да ги исплати во периодот кога се менуваше Владата, нема исплатено ништо. Во овие 100 дена со ребаланс на Буџетот се обезбедени сите средства согласно колективниот договор и првпат се исплаќа се. Ова е многу важно, бидејќи со овие неисплаќање на средства согласно колективниот договор, имало многу тужби и само изминативе неколку години преку 17 милиони евра се одлеале. Сега во овој момент се се исплаќа, се што е по основ на колективен договор што е усогласен со сите.

Ова го истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски во гостувањето во Сител, кој додаде дека останува посветен да го исполни целосно сето она што е барање на синдикатите и колективниот договор, по барањата на независниот синдикат за професионалните војници.

-Тоа ми е примарна задача и еве од тука кажувам дека секое ново барање ќе го разгледуваме, но она што претходно било колективен и сите заеднички го донеле, а можеле претходно да го исплаќаат, не го исплаќале, сега се се исплаќа и ова првпат се случува.

Најнови вести од Македонија

To top