Македонија

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува во понеделник, обвинетиот Боро Видевски вратен од болница во затвор

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува во понеделник, обвинетиот Боро Видевски вратен од болница во затвор

Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во Истражниот затвор Скопје, откако поради влошена здравствена состојба кон крајот на минатиот месец беше пренесен на болничко лекување.

Директорот на Истражниот затвор „Скопје“ – Шутка Бобан Утковски, во изјава за медиумите, појасни дека Видевски ќе прима терапија со оглед на тоа дека има проблем со бубрезите, но е во добра здравствена кондиција за да присуствува на рочиштата.

Поради хоспитализацијата на Видевски, Основниот кривичен суд Скопје ги отповика рочиштата за судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски кои беа закажани за минатата недела, информирајќи дека Судењето продолжува на следниот закажан термин на 14 октомври.

Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември, кога на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд во Скопје седнаа, првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Најнови вести од Македонија

To top