Според информациите на српскиот портал „Моцарт спорт“, новото раководство на српската ракометна куќа одлучило да не менува ништо во стручниот штаб на „орлите“, па така Ројевиќ останува на позицијата селектор на машкиот ракометен национален тим на оваа земја.
Имиња од типот на Талант Душебаев и Раул Гонзалез беа во потесниот круг како потенцијални кандидати за преземање на селекторската функција, но РСС одлучи Ројевиќ да си го одработи договорот.
Тренерот на Војводина со РСС има активен договор до 2028.